Тошковски и Дачиќ утре ќе потпишат протокол за One stop системот на граничниот премин „Табановце – Прешево“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ ќе се сретне утре со македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, по што ќе бидат потпишани протоколи за соработка во граничниот сообраќај и воспоставување на One stop системот на граничниот премин „Табановце – Прешево“.

Потпишувањето ќе се одржи во Регионалниот центар на граничната полиција кон Македонија – Прешево, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Дачиќ и Тошковски ќе го потпишат Протоколот меѓу МВР на Република Србија и на Република Северна Македонија за начинот на спроведување на гранични проверки на граничните премини за меѓународен патен сообраќај во Прешево и во Табановце.

Дополнително, директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ и директорот на Бирото за јавна безбедност на Македонија Александар Јанев ќе потпишат Протокол за соработка во текот на летната и зимската туристичка сезона.


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано