ТРАМП, ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА И ПОБУНЕТАТА СРЕДНА КЛАСА

Изборот на Доналд Трамп за 45. претседател на САД беше шок за политичкиот систем. Глобализацијата доведе до побунета средна класа во Обединетото Кралство (Брегзит), но ист беше случајот и со граѓаните на САД кои го избраа Трамп за иден претседател. Обичните луѓе со просечен доход ја плаќаат најголемата цена од кризата. Според Трамп нивните работни места се неизвесни, нивното оптоварување расте и услугите од јавниот сектор ги снемува. Тој се заложи за пониски даноци, за поголема слобода во изборот, за протекционизам и за запирање на имигрантите за да им даде повторно воздух на оние во средината и пред сѐ признание за нивниот придонес во општеството.
Со глобализацијата исчезнуваат старите извесности и се појавуваат нови закани. Средната класа е конзервативна. Некој има куќа или втор автомобил и сака да го сочува. Со глобализацијата и роботизацијата исчезнуваат работните места. Негата е поскапа, а образованието е полошо. Данокот се зголемува и невработеноста ги удира силно средните класи. Маргиналните даночни стапки за приходи што се еднаш до двапати поголеми од просечниот доход се енормно зголемени од кризата наваму. Тоа е доволно за средната класа и тие се побунија со нивниот глас за аутсајдерот Трамп.

ВРЕМЕ Е ЗА НОВА ГЕНЕРАЦИЈА НА ПОЛИТИЧАРИ, ПОЛИТИЧАРИ КОИ НЕ СЕ АНГАЖИРАНИ ВО ТОА ДА „ПРОДАДАТ“ КОЛКУ ШТО Е МОЖНО ПОВЕЌЕ ПОЛИТИКА БЕЗ ВИЗИЈА, ТУКУ СЕ ПОЛИТИЧАРИ КОИ МОЖАТ ДА ЈА ВРАТАТ ДОВЕРБАТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО КРЕДИБИЛНИТЕ И ОХРАБРУВАЧКИ ИЗГЛЕДИ НА ЕДНО ИДНО ОПШТЕСТВО. МОЖЕБИ ТОА БЕШЕ ПРИЧИНАТА ЗОШТО ДОНАЛД ТРАМП БЕШЕ ИЗБРАН ЗА ИДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД. ЌЕ ВИДИМЕ ДАЛИ ТОЈ ЌЕ ГИ ИСПОЛНИ ОВИЕ ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА

Изгледа дека политичарите и граѓаните се оддалечија едни од други, тие одвај комуницираат меѓусебно. Политичката сцена во САД и во другите западни демократии стана фрагментирана и нестабилна. Партиите на демократите и на републиканците изгледаат неспособни да дадат јасни одговори за проблемите на глобализацијата и одвај да се способни да им изгледаат привлечно на гласачите од средната класа. Екстремистичките партии повлекуваат делови од електоратот кон крајните точки со ветувања дека ќе одржат статус кво. Сепак тие не нудат реалистични решенија. „Екстремите се допираат“ (Les extrêmes se touchent), како што велат Французите, крајните точки си изгледаат многу оддалечени.
Политичката и економската елита се приближија, но не успеаја да ги освојат срцата на средната класа. Пониските класи сѐ уште уживаат некаква мала заштита од социјалната заштита што ја дава државата, иако системот за социјална заштита е предмет на ерозија. Повисоките класи имаат силна позиција на пазарот на работна сила и се во можност соодветно да се заштитат себеси. Од сите класи, средната класа се чувствува најзагрозена од растечката глобализација без оглед дали е тоа поради намалувањето на доходот и на јавните услуги или поради растечката невработеност. Ова води до политичка нестабилност и до поларизација. Центарот на електоратот станува потенок, што го отежнува формирањето стабилна и одлучна влада во западните демократии.
Глобализацијата создаде т. н. „Бермудски триаголник“ на кусогледост. Во еден агол е политиката со својот константен опортунизам и порив да се поентира во медиумите; во вториот агол се медиумите со нивниот фокус на пробните политички балони и на немирите; во третиот агол е сѐ понепредвидливиот електорат. Секоја западна демократија се соочува со ризикот да биде проголтана во овој „Бермудски триаголник“.
Фундаменталното решение за овој структурен проблем би бил адаптација на политичките институции, но тоа бара комплицирана законска процедура и квалификувано мнозинство во Конгресот и другите парламенти, што очигледно не може да се постигне. Изгледа растечки веројатно дека оние што се активни во политиката не се „најдобрите од народот“, туку „најлошите од народот“. Бизнисмените, луѓето од јавната администрација или науката не се заинтересирани за кариера во политиката бидејќи предрасудите и репутацискиот ризик се толку големи, а политичкиот животен циклус е толку ограничен. Накусо, постои политичка верзија на Грешамовиот закон: „лошите политичари ги истиснуваат добрите политичари“. Оттаму, повеќе од кога било, да ги искористиме зборовите на социологот Макс Вебер, во политиката постои потреба од „луѓе што носат надеж“, луѓе од јавната администрација и бизнисот кои можат да им дадат надеж на граѓаните. Ваквите луѓе кои носат надеж се ретки, но често се појавуваат во време на криза.
Време е за нова генерација на политичари, политичари кои не се ангажирани во тоа да „продадат“ колку што е можно повеќе политика без визија, туку се политичари кои можат да ја вратат довербата на граѓаните во кредибилните и охрабрувачки изгледи на едно идно општество. Можеби тоа беше причината зошто Доналд Трамп беше избран за иден претседател на САД. Ќе видиме дали тој ќе ги исполни овие големи очекувања.

Повеќе од истиот автор

Најчитано