Само еден ден по продолжувањето на воведувањето царини од 25 отсто за сите канадски производи за еден месец, американскиот претседател Доналд Трамп повторно и се закани на Канада со царини за дрвената граѓа и млечни производи.
– Канада со години не краде на граѓа и млечни производи, рече Трамп, потсетувајќи дека Канада има царина од 250 отсто за американските млечни производи и најави дека одговорот на САД ќе биде реципрочен.
Најави и дека утре или задутре ќе воведе царини од 250 проценти на горенаведената стока.
– Ќе наплатиме иста сума. Не е фер. Никогаш не било фер и лошо се однесувале со нашите земјоделци, додава тој.
Канадската министерка за трговија Мери Нг ги негираше наводите на Трамп, велејќи дека не е точно дека Канада краде од САД. Таа оцени дека американските реципрочни царини би биле целосно неоправдани, пишува Си-Ен-Ен.
фото freepic





