Трајчевска Павловска: Вклучување на невладиниот сектор во мониторинг на транспарентноста и ефикасноста на општината, администрацијата и јавните претпријатија

Една од најважните алатки за подобрување на услугите на граѓаните во Општина Битола е партнерство меѓу граѓаните и општината, отворена општина за идеи, предлози и критики од страна на граѓаните и нивно учество во креирањето на политиките. Особено важно е вклучувањето на одредена целна група при креирање на проект или политика која ќе се однесува токму на таа специфична група на граѓани, како и организирање и ставање во функција на месните заедници.
• Можност за учество на граѓаните, особено при донесувањето на буџетот на Општина Битола
• Вклучување на невладиниот сектор во мониторинг на транспарентноста и ефикасноста на општината, администрацијата и јавните претпријатија.
• Подобрување и зацврстување на соработката на јавните претпријатија меѓу себе со цел комплетна реализација на едношалтерскиот систем како една од најважните услуги за граѓаните на општината.
• Вложување во системи и алатки за дигитална демократија и овозможување на граѓаните своите услуги и потреби да ги добиваат и да ги реализираат по електронски пат.

Повеќе од истиот автор

Најчитано