Турската централна банка планира да ја намали инфлацијата на 21 отсто до крајот на 2025 година, изјави гувернерот на банката Фатих Карахан.
Со одлучувачкиот став во монетарната политика Централната банка на Турција го намали месечниот тренд на инфлација и го зајакна процесот на дезинфлација преку ребалансот на домашната побарувачка, реалната апрецијација на турската лира и подобрувањето на инфлаторните очекувања.
Карахан рече дека со засилената координација со фискалната политика значително ќе се придонесе за остварување на поставената цел.
– Со мерките што ги презедовме во првата фаза спречивме пораст на инфлацијата на повисоко ниво, рече тој.
Годишната стапка на инфлација во Турција во декември беше 44,38 отсто, а каматната стапка на банката 47,5 отсто, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic







