Цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 6,1 %. Во споредба со ноември 2024, пак, цените пораснале за 0,6 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,6 %, додека во однос на декември 2023 година, е забележан раст од 3,5 %.
Ноќевањата во декември 2024 година во однос на декември 2023 година поскапеле за 22,8 отсто.
фото freepic






