На брзата пруга во Србија постигната брзина од над 200 километри на час
На првиот ден од тестирањето на делницата од брзата пруга Нови Сад-Врбас била постигната брзина од 202 километри на час, со што беше потврден квалитетот на новата железничката пруга, изјави Горан Весиќ, министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија.
Тестирањето на брзиот воз на пругата Нови Сад-Врбас го направи германската компанија Дојче бан.
– Брзата пруга во Србија е спој на кинеската технологија и европскиот стандард. Сите пруги во земјата се изградени целосно според европските стандарди и со директивите на Европската Унија, како и со српските закони за интероперабилност на железничкиот сообраќај, нагласи Весиќ.
Српскиот министер најави дека до декември годинава ќе почне сообраќајот на брзата пруга до Суботица. Србија ќе има 183 километри брза пруга. Патувањето со брзиот воз од Белград до Суботица ќе трае 80 минути, до Бачка Топола за 64 минути, а до Врбас за 53 минути, објави РТВ.
фото freepic







