Во Војводина цената на хектар земјиште во третиот квартал од минатата година се движело од 600 евра до 31.400, покажуваат податоците на Републичкиот геодетски завод.
Најевтин хектар е забележан во Централниот Банатски округ, а најскап во Јужна Бачка.
Во Срем минималната цена по хектар е 2.100, просечната вредност е 14.000, а максималната 30.000, додека во Јужна Бачка минималната цена е 1.800, просечната е 15.900, а максималната е 31.400 евра.
Во Централниот банатски округ каде минималната цена по хектар е 600, просечната вредност е 6.800, а максималната 16.000 евра.
Во севернобанатскиот округ минималната цена е 1.750, просечната вредност е 10.050, а максималната е 20.000. Во Западна Бачка, минималната цена по хектар не надминува 1.800, просечната 12.650, а максималната 29.850 евра, пренесува „Блиц“.






