Европската комисија ја информираше Хрватска за исплатата на четвртата транша во износ од 162,5 милиони евра бесповратни средства, во рамките на Механизмот за опоравување и отпорност. Со оваа уплата, како што изјави хрватскиот премиер, во буџетот на Хрватска се уплатени 20 милијарди евра од европските фондови, вклучително и средствата од Оперативната програма за Конкурентност и кохезија.
– Како нова членка во Европската Унија хрватската држава примила 20 милијарди евра за бројни проекти и за развој, изјави Пленковиќ, на денешната седница на Владата.
Од Владата на Хрватска било упатено барање за исплата на петта рата во рамките на Националниот план за опоравување и отпорност (НПОО), а станува забор за најголем поединечен износ од 822 милиони евра. За да се искористат овие средства требаа да се исполнат 37 реформи и проекти.
Остварувањето на НПОО се финансира со бесповратни средства во износ од 5,8 милијарди евра и со заеми од 4,2 милијарди евра. Досега Хрватска од Европската комисија добила средства од предфинасирањето од 818 милиони евра, кои се исплатени во четири рати, пренесе „Лидер медиа“.
фото freepic







