Куманово е најголема општина во државава со исклучително поволни можности за развој на сите сфери од општествениот живот.
Но, визијата за одржлив развој, за воведување на одржливи мерки кои сами по себе ќе репродуцираат трајни решенија не се присутни во мислењето на јавноста. Ако тргнеме од услугите кои се темел за решавање на секојдневните проблеми, ако тргнеме од начинот на пристап и добивање на квалитетна услуга од институциите на локално ниво, оваа општина не може да истакне дека има професионална администрација што е предуслов за квалитетни услуги.
За брзо надминување на постоечката состојба неопходни се анализи врз кои ќе се креираат реални планови, ќе се формираат тимови со сплот на искуство и на младост (администрација која е подготвена за пензионирање, а своето долгогодишно искуство го пренесува на новопримени службеници), кои ќе соработуваат и ќе создаваат кохерентна услуга од користење на институционална меморија во комбинација со нови техники, а сè со цел добивање на квалитетна услуга. За ова нешто да се оствари неопходна е едукација, мотивација, работа и само работа.







