Во првите девет месеци од 2024 година во САД се увезена текила во вредност од 3,8 милијарди долари, што е за 13 отсто повеќе од истиот период во 2023 година и повеќе од вкупниот увоз на виски, џин, рум, ракија и вотка.
Повисоките увозни царини за мексиканските производи и на текилата ќе ги принудат американските потрошувачи да се свртат кон други пијалоци. Откривањето на новите пазари за мексиканските производители на текила, како на пример Германија, Шпанија и Русија ќе биде „бавен процес“.
Северноамериканските трговски здруженија, исто така, се противат на тарифите, бидејќи веруваат дека тие ќе ги загрозат работните места и ќе и наштетат на туристичката индустрија, која сè уште се опоравува од пандемијата на коронавирус.
– Чекаме и се молиме да се обидат да размислат за сите последици и да не го сторат тоа, изјави Мели Барахас, сопственичка на Azteca Wines and Spirits.
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе царини од 25 отсто на целиот увоз од Мексико и Канада, бидејќи смета дека овие земји не прават доволно за да ги спречат имигрантите и лекот фентанил да влезат во САД, пренесува Б92.
фото freepic






