Цената на нафтата продолжува да расте

Цената на нафтата на азиските берзи продолжува да расте откако ја надмина границата од 90 долари за барел. Растот на цената на денешното тргување е помало во однос на претходните денови и е предизвикан од загриженоста на трговците со нафта од натамошна ескалација на состојбата во Блискиот Исток, велат економските експерти.

Цената за испораката на лесната нафта од Тексас во мај е повисока за 22 центи и достигна достигна 86,81 долари за барел. Цената за испораките во јуни за нафтата „брент“ од Северното Море се зголеми за 40 центи и достигна 91,05 долари за барел, пренесе германската агенција ДПА.

Цените на нафтата од почетокот на март забележаа висок пораст, а нафтата „брент“ поскапе за девет отсто. Покрај напнатата геополитичка состојба во Блискиот Исток влијание има и одлуката на нафтениот картел ОПЕК + и се однесува на намалување на производството на нафта во првата половина на 2023 година


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано