Во земјите од Европска Унија продолжува растот на цените на куќите, а поскапувањето е посебно изразено кај земјите од источна Европа. Во вториот квартал во 2023 година најголем раст на цените има во Полска(+17,7%), Бугарија (+15,1%), Литванија (+10,4%), Хрватска (+10,0%) и во Унгарија (+9,8%). Во цела ЕУ цените на куќите пораснале за 2,9 отсто. Во исто време има и пораст на цените за изнајмување од 3 отсто, покажуваат податоците на Евростат.
Поевтинување на куќите во споредба со истиот период лани има во: Луксембург(-8,3%), Финска (-4,8%), Франција (-4,6%) и Германија (-2,6%).
Полска е една од членките на ЕУ во која има значителен раст на цените на куќите, а од 2013 година тие се повисоки за трипати.
– За овој период има висок раст и на платите, но влијание има и порастот на побарувачката за станови и за куќи. Последните години во Полска има и зголемување на бројот на странци, а бројот на легално пријавени работници е околу 1,1 милион, вели Марцин Креглевски, експерт за недвижности.
Дополнителен фактор за зголемување на цените на куќите во Полска се и повисоките трошоци за изградба на објектите за живеење во периодот меѓу 2016 и 2023 година, пренесува Н1.
фото freepic





