Во Црна Гора се регистрирани околу десет илјaди турски компании, од нив над илјада се активни, а тоа се претежно градежни фирми, соопштил амбасадорот на Турција во ЦГ Бариша Калкаван на состанокот со министерот за просторно планирање, урбанизам и државен имот Славен Радуновиќ.
На средбата турскиот амбасадор информирал дека Турција ќе формира стопанска комора во Црна Гора, која ги опфаќа водечките турски компании кои делуваат во оваа земја, како и за формирање на Комитет за градежништво.
– Министерството секогаш ќе биде отворено за соработка со турските инвеститори и со другите компании кои со своето делување, во согласност со важечките закони, ќе придонесуваат за создавање на подобро и функционално деловно опкружување во Црна Гора, изјавил Радуновиќ, пренесува РТВ.
фото freepic






