Операторите за пренос на електрична енергија на Романија, Грузија, Азербејџан и Унгарија се согласија да основаат заедничко претпријатие за поставување на подводен кабел под Црно Море. Заедничкото претпријатие ќе има седиште во Романија и ќе работи под називот Green Energy Corridor Power Company, и ќе ја надгледуваат инсталацијата на подводниот кабел.
Овој проект има за цел да го развие високоволтажниот директен интерконектор, а на почетокот ќе ги поврзува Романија и Грузија, со план за проширување кон Унгарија и Азербејџан. Овој подводен електричен коридор ќе ги интергрира преносните мрежи на четирити земји и ќе овозможи проток на обновлива енергија низ овој регион. Проектот е вклучен во плановите на Европската мрежа на оператори за преносни системи (ENTSO-E).
Првичните процени се дека вкупните трошоци на проектот ќе надминат две милијарди евра, а се планира целиот систем да биде оперативен до крајот на 2029 година, пренесува Б92.
Подводниот кабел ќе ги подобри националната и регионалната енергетска безбедност, ќе го подобри енергетското поврзување и ќе ги диверзификува изворите на снабдување со електрична енергија, како и подобро искористување на потенцијалите за производство на обновлива енергија.
фото freepic





