Императив за Општина Гостивар во подобрување на општинските услуги во последниве две години беше дигитализацијата на административните дејности, спроведување на иновации во организирање на административните услуги, т. е. е-фактури во јавните претпријатија и организирање на јавни дебати за клучните проекти и проблеми на Општина Гостивар каде што на граѓанинот му се овозможи да биде активен дел од креирање на визија за развитокот на градот сега и во иднина. Исто така создавањето на алтернативните совети, како што се Советот за социјална заштита и Советот за превенција од детска деликвенција, создадоа простор за другите државни институции со своите професионалци да бидат дел од одлуките и креирањето на политиките на општината во овие области. Транспарентноста на локалната самоуправа во последниве три години се зголеми за двапати во Гостивар, што придонесе да порасне довербата кај граѓанинот за плаќање на данок знаејќи дека тоа се претвора во капитална инвестиција за градот, т. е. нови мрежи на канализација, водовод, зелени површини, нови патишта итн.







