Швајцарскиот франк зајакнува, политичката стабилност на Швајцарија  и силната извозна економија го направија привлечно засолниште за капиталот

Последните две години покажаа дека дури и традиционалните безбедни валути повеќе не се имуни на политички одлуки, фискални ризици и тензии во глобалната трговија. Вредноста на доларот е изложен на влијанијата од растечкиот долг на САД и трговски конфликти, јенот е под притисок од фискалната политика и интервенциите, додека франкот зајакнува до ниво што почнува да ѝ штети на сопствената економија.

За разлика од доларот и јенот, швајцарскиот франк зајакна за речиси 13 проценти во однос на доларот во текот на 2025 година и продолжи да расте во 2026 година, достигнувајќи го највисокото ниво во последните 11 години.

Политичката стабилност на Швајцарија, нискиот јавен долг и силната извозна економија го направија франкот привлечно засолниште за капиталот.

Сепак, прекумерното зајакнување на валутата создава сериозен предизвик за швајцарската економија.

Инфлацијата во Швајцарија е само 0,1 процент, додека референтната каматна стапка на Швајцарската национална банка е  нула. Зајакнувањето на франкот дополнително ги зголемува дефлациски притисоци и ја отежнува позицијата на извозниците.

Претседателот на Швајцарската национална банка, Мартин Шлегел, изјави дека банката е подготвена да интервенира на девизниот пазар доколку е потребно. Сепак, аналитичарите на UBS проценуваат дека масовната интервенција во моментов е малку веројатна.

Економските експерти посочуваат дека франкот се покажал како најстабилна валута меѓу развиените економии на долг рок.

Сепак, зајакнувањето на франкот не е без ризици. Доколку трендот продолжи, швајцарските власти би можеле да бидат принудени да интервенираат за да го заштитат извозот и да спречат понатамошно забавување на инфлацијата, пренесува Бизнис и финансии.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано