Шведска е во завршни фази од процесот да ги укине даноците за производство на соларна енергија во 2017 година. Тоа претставува дел од стратегијата со која државата планира целосно да премине на потрошувачка на енергија од обновливи извори до 2040 година. Соларните капацитети преку фотоволтаици на Шведска претставуваат помалку од 0,1 отсто од производството на електрична енергија, што е во согласност со слабата развиеност на овој вид производство на обновлива електрична енергија во целиот Скандинавски Регион. Од обновливите извори Шведска најмногу се потпира на хидроцентралите од кои добива 39 % од вкупната електрична енергија, како и нуклеарната енергија преку која обезбедува 36 % од потребите. Енергетскиот регулатор пресметал дека за да се постигне целта од 100 отсто на обновлива енергија, уделот на електрична енергија добиена од соларните панели треба да се зголеми за 5 до 10 отсто. Предлогот веројатно ќе биде усвоен во Парламентот, а потоа мора да го одобри и Европската комисија.







