Цените на гасот за домаќинствата во Европската Унија се зголемија во втората половина од 2024 година. Просечните цени, вклучувајќи ги даноците, се зголемија на 12,33 евра за 100 киловат-часови kWh, од 11,04 евра во првата половина од годината. Ова е највисоката цена забележана откако започна собирањето податоци во 2008 година. Ова зголемување на цената е за прв пат од енергетската криза во 2022 година.
Зголемувањето во голема мера е предизвикано од зголемените даноци во многу земји од ЕУ, бидејќи со претходните мерки за ублажување на цената на гасот беа намалени, објави Европската канцеларија за статистика – Евростат.
Шведска ги забележа највисоките цени од 18,93 евра за 100 kWh, по што следуваат Холандија (16,71 евра) и Италија (15,86 евра). Најниска цена на гасот има во Унгарија (3,20 евра за 100 kWh), Хрватска (4,60 евра) и Романија (5,40 евра), пренесува Бизнис.рс.
фото freepic






