Осигурителната индустрија во Македонија континуирано се развива и станува исклучително конкурентна и динамична, што секако придонесува кон подобрување на квалитетот што се нуди. Верувам дека Триглав Осигурување, како лидер на осигурителниот пазар, и во 2019 година ќе продолжи да работи на развојот на оваа индустрија имајќи ги предвид потребите на пазарот и ќе понуди вредност што ќе придонесе кон подобар квалитет на живот за клиентите.








