Подобрувањето на квалитетот и пристапноста на јавните услуги за сите групи на граѓани е од клучна важност за градење на довербата на граѓаните во општината.
Квалитетни информации за комуникациите за услугите и за постапувањето на институциите треба особено да биде достапно по електронски канали, официјалните веб-сајтови треба да содржат точни контакт-информации, јасни насоки за услугите, како и информации за правата и обврските на граѓаните и на институциите при испораката на јавните услуги.
Во Кочани, најголем дел од информациите се поврзани со градоначалникот и неговите активности, таквите „вести“ учествуваат во над 70 % проценти од јавните објави на постојните канали за комуникација со јавноста, односно на фејсбук-страницата на Општина Кочани, на јавните гласила во Кочани, на инстаграм-профилот на Општина Кочани.
Неспособноста на општинската власт да ѝ одолее на можноста за користење на комуникацијата за политичка промоција на актуелната власт е една од најсериозните закани за добрата комуникација и информираност на граѓаните.







