Ѓоргиев: Потребно е и да се даде можност на граѓаните за учество во креирање на подобри услуги во општината

Со напорна работа, знаење, можности, енергија и искористување на сите капацитети − со сите овие перформанси општината работи на стабилизирање на буџетската одржливост, на функционалноста на локалните јавни претпријатија, на вложување во образованието, во спортот, во културата, во екологијата и во здрава животна средина.
Потребно е и да се даде можност на граѓаните за учество во креирање на подобри услуги во општината.
Потребно е да се дејствува и кон зголемување на сопствените приходи на општината преку подобрување на ефикасноста на администрацијата, како и кон изнаоѓање на нови локални приходи за подобар квалитет на услугите и подобрување на критериумите за распределба на доделените средства за пренесените надлежности во областа на основното и средно образование, културата, детската заштита, заштита на стари лица и противпожарната заштита.
Предизвик на локалната самоуправа треба да биде градењето на партнерски односи со бизнис-заедницата и приватниот сектор, што ќе влијае за подобрување на услугите и на потребите на сите жители на Општина Штип.

Повеќе од истиот автор

Најчитано