Љушев: Во сите сфери на општеството 5G-технологијата ќе донесе промени

Две илјади дваесет и втора година ќе биде годината што ќе го означи почетокот на четвртата индустриска револуција во Македонија. Во сите сфери на општеството 5G-технологијата ќе донесе промени. И покрај тоа што ќе бидат потребни неколку години за да можат да се користат сите напредни фукционалности, веќе до средината на 2022 година две третини од населението во поголемите урбани средини ќе можат да ги користат 5G-услугите на Телеком.
Оваа технологија ќе биде движечка сила за развојот на нови функционалности за паметните градови, кои и понатаму ќе ги развиваме.
Паралелно со воведувањето на 5G и развојот и ширењето на паметните градови, продолжуваме да ја шириме и оптичката мрежа низ целата држава. Новите технологии ќе отворат можности за дигиталната иднина на граѓаните и на целото општество.
На макрониво пандемијата наметна многу предизвици со кои ќе треба да се соочиме во годината што доаѓа, особено инфлациските движења и енергетската криза.
Ќе треба неуморно да работиме за да се справиме со овие негативни трендови, а од друга страна да се фокусираме со сите расположливи средства на борбата против климатските промени.
Новите технологии ќе бидат една од алатките за справување со овој глобален проблем, но во конечното решавање треба да се вклучат сите чинители во општеството.

Повеќе од истиот автор

Најчитано