КЛУЧНИ ПОЕНТИ ОД ОБРАЌАЊЕТО НА ИВАН ШТЕРИЕВ, ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА БЕРЗАТА, НА ГОДИШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА
За форматот на конференцијата Оваа година конференцијата повторно ја одржуваме во стариот формат – како конференција на Македонската берза. Нашите партнери од претходните три години (Комисијата за хартии од вредност и Централниот депозитар), во годината во која славиме 20 години од првиот ден на тргување на Берзата, ни ја препуштија нам оваа чест и обврска. […]