МАЛОВИШТЕ

Сместено во подножјето на Баба Планина, на дваесетина киломентри од Битола, тоа е единственото населено место во рамките на Националниот парк „Пелистер“. Брои помалку од сто жители од кои најголем број се Власи. Селото има убаво зачувани традиционални македонски камени куќи на два-три ката кои, заедно распослани во планинските прегратки, наликуваат на мала градска населба. […]