ГЕРМАНИЈА ПОЧНА ДА НАПЛАЌА КОГА ПОЗАЈМУВА ПАРИ

Изминатиов месец, токму пред гласањето за „Брегзит“ во Обединетото Кралство, за првпат во историјата каматната стапка на 10-годишните државни обврзници на Германија падна под нулата. Несигурноста од евентуалните успешни резултати од гласањето за „Брегзит“ (нешто што сега веќе знаеме дека се оствари) ги натера инвеститорите панично да ги селат своите средства во таканаречени „рајски“ хартии […]