ВО МОМЕНТОВ НАЈГОЛЕМ ПОТРОШУВАЧ НА ВОДА Е СЕКТОРОТ ЗА НАВОДНУВАЊЕ

Според хидрогеографските услови во Република Македонија има четири речни сливови и три големи природни езера, од кои најголем дел се формираат преку врнежи. Земјава не е богата со површински води (околу 3 000 m3/жител) и тие најмногу зависат од врнежите. Поради морфолошката, хидрогеолошката и хидрогеографската структура на релјефот, водата од врнежи и од стопен мраз […]