НОВИТЕ ИЗВОРИ НА ГАС ВО ИСТОЧНИОТ МЕДИТЕРАН НАСКОРО ЌЕ СЕ ПОВРЗАТ СО ЕВРОПА

Министрите за енергетика, економија и развој на Израел, на Италија и на Грција потпишаа договор за намери со кој се предвидува изградба на гасовод за снабдување на Европа со гас од новооткриените извори на гас во источниот Медитеран. Предвидениот проект треба да го претставува најголемиот и најдлабокиот подморски гасовод чија вредност достигнува шест милијарди евра. […]

ПРВПАТ ПО 135 ГОДИНИ БРИТАНИЈА ЦЕЛ ДЕН НЕ ГИ ЗАПАЛИ ЦЕНТРАЛИТЕ НА ЈАГЛЕН

Во петокот, на 21 април, за првпат по Индустриската револуција, или точно од 1882 година, на територијата на Обединетото Кралство не е употребен јаглен за генерирање електрична енергија еден цел работен ден. Компанијата за пренос на енергија „Национал грид“ соопшти дека Владата планира да ги изгаси последните електрани на јаглен во Британија до 2025 година […]