Што очекувате во 2019 година? Николче Петкоски: ВО 2019 ГОДИНА ВЛЕГУВАМЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ШТО ПОДОСТАПНИ И МОДЕРНИ БАНКАРСКИ УСЛУГИ

Се надеваме дека 2019 година ќе донесе подобрување и нови можности за напредок на стопанството и на економијата. Денес бројните технолошки промени, интернационализацијата на бизнисите и растечката глобална конкуренција диктираат сè подинамични услови за работа и развој. Токму преку иновациите и поддршката на еден динамичен и флексибилен сектор, како што се малите и средни претпријатија, […]

Што очекувате во 2019 година? Горан Петревски: НЕ ОЧЕКУВАМ ПОГОЛЕМА РАЗДВИЖЕНОСТ ВО ПОГЛЕД НА ПРИВАТНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ

За жал, по којзнае кој пат, политичките случувања ќе бидат најважниот фактор што ќе влијае врз економската активност во следнава година. Тука, во прв ред, мислам на договорот со Грција, уставните промени и евентуалната покана за членство во НАТО, но исто така не треба да се заборават и претседателските избори, а можеби и вонредни парламентарни […]

Што очекувате во 2019 година? Александар Стојков: СЛЕДУВА ЕКОНОМСКИ НЕВПЕЧАТЛИВА ГОДИНА КОЈА ПОВЕЌЕ ЌЕ СЕ ПАМЕТИ СПОРЕД ГОЛЕМИТЕ ПОЛИТИЧКИ ОДЛУКИ

При ваков степен на политичка неизвесност, економските прогнози наликуваат на астролошки обид да се исцртаат контурите на иднината. Очекувам нормална и невозбудлива година на економски план и покрај одржувањето на претседателските (можеби и парламентарни) избори во средината на 2019 година. Приватниот сектор е веќе уморен од политички кризи и станува резистентен на турубуленциите кои создаваат […]