Гордан Георгиев: До внукот на убиецот на мојот дедо

Ние дома ги мразиме Бугарите. Официјално ги мразиме Бугарите. Кој повеќе, кој помалку, но жарчето на омразата трае и тлее од 3 мај 1942 година, денот кога е убиен мојот дедо од страна на „бугарскиот окупатор“. Ордан Михајлоски-Оцка, член на Првиот партизански одред, виолинист, композитор, автор на партизанската химна „А бре Македонче“, загинал од бугарски […]