Миланов: Вклученост и интензивна соработка со граѓанскиот сектор

Стремежот за постојано подобрување на услугите спрема граѓаните мора да биде основен мотив во работата на сите носители на јавни функции во општината, посебно на оние избрани на непосредни избори, градоначалникот и советниците. Неколку работи што значително би го подигнале квалитетот на услугите кон граѓаните би биле:– Суштинска дигитализација на сите услуги за граѓаните што, […]
Ничева: Повеќето градови во земјава треба да се насочат кон креирање на јавни политики за отворање нови работни места

Во моментов живееме во време кога непостоењето кина, театарски претстави, детски игралишта и паркови, спортски содржини или пак едукативни настани организирани од локалната самоуправа не се на врвот на листата на приоритети, туку нешто сосема различно. Кога не само во Македонија туку и во Европа трендот на иселување на младите од послаба кон економски посилна […]
Ѓоргиев: Потребно е и да се даде можност на граѓаните за учество во креирање на подобри услуги во општината

Со напорна работа, знаење, можности, енергија и искористување на сите капацитети − со сите овие перформанси општината работи на стабилизирање на буџетската одржливост, на функционалноста на локалните јавни претпријатија, на вложување во образованието, во спортот, во културата, во екологијата и во здрава животна средина. Потребно е и да се даде можност на граѓаните за учество […]
Здравков: Основно прашање е како да се приближат самите граѓани до органите на локалната самоуправа

Суштината на постоењето на една локална самоуправа, општина, е задоволување на потребите на нејзините граѓани од егзистенцијален, инфраструктурен, културен, образовен, спортски карактер, со спроведување на одредени политики и користење на соодветни алатки.Основно прашање е како да се приближат самите граѓани до органите на локалната самоуправа, општинската администрација, општинските служби и до јавните претпријатија како даватели […]
Рогозарска: Административните процедури често знаат да ги пролонгираат роковите за реализација

Во изминативе четири години, во Штип се реализираа голем број капитални проекти и се решија многу проблеми со кои штипјани секојдневно се соочуваа.Процентот на реализирани проекти дополнително би се зголемил доколку како општина не се соочевме со редица административни пречки, неревидирани проекти, како и несервисирани долгови на општината кои, за „момент“, знаеја да ја испразнат […]
Серафимовска: Потребно е итно надминување на рутината и внесување на визионерска димензија во работењето

Општина Штип кореспондира со генералната слика во државава во делот на интервенции потребни за надминување на ограничувањата и отворање нови перспективи. Фактот дека човекот е главен и незаменлив ресурс имплицира непристрасен избор на најкомпетентните, поинаку не може да се очекува зголемување на излезните вредности до граѓаните. Во општа смисла, на системот му недостига интегриран пристап […]