Наумоски: Се надеваме дека локалните одлуки и решенија ќе бидат конструктивни и во насока на олеснување на овој тежок период за сите

Наспроти сите напори и вложувања за да обезбедиме една мирна година, сепак последниве случувања на глобалните пазари и на домашниот пазар ни навестуваат дека пред нас ни претстои една неизвесна и тешка година. Единственото нешто за кое со сигурност можеме да го очекуваме е турбуленции на берзите, посебно на берзанските суровини, но и на енергенсите. […]
Војновиќ: Работиме на обновената групациска стратегија до 2025 година и продолжуваме со дигиталната трансформација

На крајот од минатата година, во ек на пандемија, не знаевме што точно можеме да очекуваме од следната година, но ги преземавме сите мерки да бидеме спремни за сите сценарија. Денес можеме да бидеме задоволни од нашите тогашни проценки и од постигнатите резултати. Работиме на обновената групациска стратегија до 2025 година и продолжуваме со дигиталната […]
Петер: Мојата желба е 2022 година да биде почетокот на крајот на социо-економската нестабилност

Пред година дена сите ние се збогувавме со 2020 година, полни со надеж и ослободување − очекувавме многу од почетокот на вакцинацијата и заминувањето на вирусот, а тоа е враќање на економската одржливост и стабилност. Вакцинацијата и враќањето во ’новото нормално‘ и тоа како имаше позитивен ефект на социо-економските движења. За жал, како што навлегуваме […]
Љушев: Во сите сфери на општеството 5G-технологијата ќе донесе промени

Две илјади дваесет и втора година ќе биде годината што ќе го означи почетокот на четвртата индустриска револуција во Македонија. Во сите сфери на општеството 5G-технологијата ќе донесе промени. И покрај тоа што ќе бидат потребни неколку години за да можат да се користат сите напредни фукционалности, веќе до средината на 2022 година две третини […]
Томеска: Осигурителната индустрија ќе се насочи кон постпандемиска трансформација и раст

Покрај опстојувањето на несигурноста поврзана со пандемијата, новите варијанти на ковид-19 и инфлацијата, во 2022 година се очекува забрзаното закрепнување на светската економија да продолжи и да се постигне висок глобален раст над нормалниот. Побарувачката полека ќе се враќа на нормално ниво, а понудата ќе се подобри со што ќе се надмине нарушувањето во синџирот […]
Петрушев: Најголем предизвик ќе биде обезбедувањето одржливост на бизнисите при галопирачката цена на електричната енергија

Очекувам дека 2022 година ќе ја живееме во „интересни времиња“, соочени со предизвици и неизвесност. Особено силен удар очекувам врз домашната прехранбена индустрија и тоа како кај примарните производители, така и кај преработувачите. Оваа дејност кај нас има висок степен на увозна зависност и следствено многу малку можност за влијание врз влезните трошоци кои зависат […]
Ангеловска-Бежоска: Се подготвува Предлог-закон за финансиски правобранител, кој ќе постапува по жалбите на граѓаните и ќе ги штити нивните права

Заштитата на корисниците на финансиските услуги е високо во приоритетите на Народната банка. Преку зајакнување на регулативата, со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, но и со Закон за финансиски омбудсман, со кој би се формирала посебна институција којашто ќе постапува по поплаките на граѓаните, ќе се гради рамка за посилна заштита на […]
Бранко Грегановиќ – нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Бранко Грегановиќ е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје и човекот кој ќе ја води Банката во следните години и низ идните предизвици. Назначувањето на Бранко Грегановиќ на новата функција доаѓа по одлуката за негово именување донесена од Надзорниот одбор на Банката и издавањето на согласноста од Народната банка на РСМ. Бранко […]
Кучера Илиевска: Технолошкиот развој води до ремикс на деловните приоритети

И бизнисите и владите се под притисок да го трансформираат начинот на своето работење. Ова е глобаен случај, вклучително и во нашиот поширок регион на Централна и Источна Европа. Зошто? М. Кучера Илиевска: Централна и Источна Европа (ЦИЕ) во моментов се соочува со уникатни предизвици што претставуваат ризик за конкурентноста на регионот. До денес ЦИЕ […]