Виктор Мизо реизбран за претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство

Генералниот директор на „КОСТАЛ – Македонија“, Виктор Мизо, повторно ќе ја предводи Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, откако членовите му ја дадоа довербата за нов двегодишен мандат. На виртуелната седница одржана на 11 јули 2022 година беа избрани и заменици-претседатели и тоа: Боријан Борозанов од „Џонсон Мети“, Светослав Смилков од „АРЦ Аутомотив“ […]