Мизо: И покрај сè, автомобилската индустрија во Европа ќе генерира умерен раст од дното постигнато во 2021 година

Умерениот оптимизам за 2022 година овој пат ќе го заменам со неутралност во однос на очекувањата за 2023 година. Сè уште не сме стигнати до врвот на инфлацијата, очекувањата за рецесија во Европа се сè поприсутни, состојбата во Украина не дава знаци за брзо и лесно решение, цените на енергентите ќе продолжат да бидат високи, […]
Неданоска: 2023 година ќе биде полна со неизвесност

2023 година ќе биде полна со неизвесност како во поглед на енергетската криза во Европа, така и во однос на затегнатите услови на меѓународните и домашните финансиски пазари. Централните банки го започнаа циклусот на затегнување на монетарната политика преку зголемување на каматните стапки, а глобалните ЦБ и преку постепено повлекување на квантитативното олеснување. Нискиот раст […]
Гацов: Неизвесностите од 2022 година ќе бидат пренесени во 2023 година

Неизвесностите од 2022 година ќе бидат пренесени во 2023 година. Ова се однесува како на економските предизвици: инфлацијата, енергијата, храната и недостатокот на квалитетни работници, така и на политичките непознаници. Во услови на непознати варијабли, бизнисот обично чека разрешница и не се впушта во ризици. Таква ќе биде и 2023 година, година на одржување на […]
Борозанов: 2023 година ќе биде возбудлива и предизвикувачка година на нашиот пат кон трансформација

Главните три приоритети на Џонсон Мети Македонија се многу јасни. 2023 година ќе биде возбудлива и предизвикувачка година на нашиот пат кон трансформација. Прво, со оглед на тоа што се намалува глобалната економија и брзо се менува макроопкружувањето, ние треба да продолжиме со нашиот силен фокус кон задоволството на клиентите, ефикасноста и продуктивноста. Инфлацијата, геополитичките […]
Кадиевска Војновиќ: Мојата оценка е дека ќе влеземе во инфлациска рецесија

Комбинацијата на домашните и на надворешните фактори не дава изгледи за раст на македонската економија во 2023 година, но дава подлога за опстојување на високата инфлација. Мојата оценка е дека ќе влеземе во инфлациска рецесија. Продолжувањето на војната во Украина, затегнатите глобални услови за финансирање, нарушената надворешна рамнотежа, енергетските проблеми поради слабиот домашен менаџмент кои […]
Тилев: Лично бескомпромисно би се фокусирал на борбата против корупцијата и организираниот криминал

Изминатава година беше година на страв и загриженост поради војната во Украина, што предизвика последици без преседан по нашиот континент и на глобален план. Но, војната исто така ги разбуди емпатијата, солидарноста и провоцираше збивање на редовите кај земјите од евроатлантската зона со коалиција во одбрана на универзалните вредности и човекови права. Процесот на проширување […]