Јовановски на Скопскиот Економски форум: Мораме конечно да излеземе од менталната матрица на постојано справување со кризи и да почнеме да размислуваме долгорочно за да му помогнеме на бизнис секторот

На бизнис секторот му е потребен амбиент за работа што нема постојано да се менува и затоа мораме да се договориме што ќе правиме и во рамки на државата да постигнеме консензус за долгорочните економски политики. За таа цел Стопанската Комора покрена иницијатива за Декларација на таа тема која би ја потпишале сите општествени чинители: […]