БЕСПЛАТЕН РУЧЕК

Жената се пробиваше меѓу седиштата, влечејќи голема торба на преклоп заклучена со јазиче вовлечено во метален процеп. Ме потсеќаше на старите училишни чанти. Се движеше тешко и бучно коментираше. За влакно успеа да избегне да не удри со торбата некој од патниците по глава.Седни веќе еднаш жено, помислив нервозно, како сето тоа да ме засега. […]