Гацов: По изборите, брз ребаланс на буџетот за 2024 година – „Нозете според чергата“, но и добро буџетско финансиско известување

Македонскиот модел на спроведувањето на буџетот на државава има регионален „шмек“ и карактеристики на земја во транзиција со слаба економија, со традиционална буџетска равенка: „премалку прибираме во однос на тоа колку трошиме“… и решение на равенката „(…) затоа се задолжуваме“. Целата анализа можете да ја прочитате на следниот ЛИНК

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

„Алкалоид“ во изминативе години започна процес на редизајнирање на постојни генерички фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на специфични групи пациенти. Стратешките инвестиции за модернизација на производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со додадена вредност […]

Бимилк спроведува сеопфатна енергетска трансформација

Фотоволтаичната централа за создавање обновлива енергија, eнергетските постројки за користење природен гас како гориво, како и имплементација на стандардот ISO50001 наменет за менаџирање со енергија, се чекорите што ги презеде Бимилк за постигнување целосна енергетска трансформација. Напредокот и примената на активностите за заштита на животната средина во процесот на работа во Бимилк, беа предмет на […]

Бишев: Немаме доволно поддржувачи за реформите

– Дали не сме пристрасни, кога некогаш тмурно гледаме на работите кои ни се случуваат во македонската економија. Од една страна правиме стратегии за развој, но кога ќе треба да ги имплементираме сфаќаме дека немаме доволно поддржувачи за реформите. Не успеаваме да изградиме амбиент за да дојдат до израз позитивните примери, а нив ги има […]

Милковски: Градевме на пет континенти, а денеска не можеме дома!

– Градежништвото беше ударна сила на македонскиот развој. Градевме на четири-пет континенти, а сега не можема да градиме дома. Хрватските студенти учеа од нас за примената на новите техники. Зошто се елиминираат домашните компании, кога странските фирми не се подобри по квалитет од нашите градежни фирми. Тие ги користат нашите работници, ниедна странска фирма не […]

Јовановски: Зошто малку разговараме за ризиците што го загрозуваат континуитетот на бизнисот?

Кога всушност започнуваме да разговараме за одреден проблем како што е елементарна непогода? Пред да се случи или откако ќе се случи?Минатата година беше 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, трагичен настан кој доведе до 1070 загинати и 3 000 повредени лица. Според официјални податоци, од 16 478 резиденцијални згради неоштетени биле само 6,2 % […]

Еуродизелот и Екстра лесното масло поскапуваат за денар

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 80,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 77,50 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 […]

Странски компании се мачат со боледувањето на работниците

Две странски фирми кои стопанисуваат во Ниш, се пожалиле на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, дека се зголемил бројот на работници, кои отсуствуваат од работа. Овие компании доставиле и листа на здравствените установи, кои отвориле најмногу дознаки за боледување. Министерството за здравство на Србија покрена постапка за да ја провери оправданоста на одобрените боледувања. Синдикалните […]

Земјоделците го блокираа центарот на Прага

Земјоделците утринава пристигнаа во Прага со 500 трактори и околу 4.000 други возила со цел да го блокираат центарот возејќи бавно, барајќи Чешка да се повлече од Зелениот договор на Европска Унија и сакаат да слушнат од Владата како ќе им помогне на земјоделците со високите цени на енергенсите. Главните организации на чешките земјоделци – […]

Секој четврти работник во Хрватска ќе биде странец

Во Хрватска до 2030 година ќе има меѓу 400 и 500 илјади странски работници, а секој четврти вработен во земјата ќе биде странец, се наведува во анализата на Хрватското здружение за работодавачи, пренесува Пословни.хр. -Поради забрзаното влошување на демографските трендови, силниот економски раст и континуираниот притисок на пазарот на трудот се проценува дека вкупниот број […]