Ограничување на трговските маржи до 15 отсто

Трговските маржи во големопрадажбата и малопродажбата ќе бидат ограничени на пет до 15 отсто за дел од основните животни производи, храната и за средствата за одржување на хигиена. Ова се предвидува во измените на Одлуката за привремени мерки за ограничување на цените на производите, кои се од посебно значење за граѓаните. Одлуката е донесена од […]

Азески во Брисел на средба со Жорж-Луи Бушез

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, кој годинава е и претседател на Асоцијацијата на балкански комори (АБК), Бранко Азески во Брисел имаше работен ручек со Жорж-Луи Бушез, претседател на владејачката партија Реформистичко движење (Mouvement réformateur-MR). Средбата се одржа во седиштето на партијата, каде присуствуваше и Марија Кумбароска, претставникот на Стопанската комора во Брисел. На […]

Трите најголеми кинески банки престанале да примаат плаќања од Русија

Три од четирите најголеми кинески банки, Индустриска и комерцијална банка на Кина (ИЦБЦ), Кинеската градежна банка (ЦЦБ) и Банката на Кина, престанаа да примаат плаќања од санкционирани руски кредитни институции. Оваа одлука е донесена поради зголемената контрола на американските власти по воведувањето на 12-от пакет санкции против Русија, пишува „Москва тајмс“. Кинеските банки почнаа да […]

Мексико врши реекспорт на кинеските производи во САД

Кина испорачува се повеќе стоки во САД преку Мексико, заобиколувајќи ги острите царини наметнати од администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и кои ги одржува сегашната администрација на Вашингтон. Во првите три квартали од минатата година од Кина во Мексико биле испорачани 881.000 контејнери, додека во истиот период во 2022 година биле 689.000, пишува […]

Потрошувачката на природен гас во Европа e на најниско ниво

Потрошувачката на природен гас во Европа во 2023 година падна на најниско ниво во последните 10 години, процени во новиот извештај Американскиот институт за енергетска економија и финансиска анализа (IEEFA). Eвропската побарувачка за гас е намалена за 20 отсто во текот на две години, пренесува Н1. Институтот наведува дека падот на побарувачката на гас се […]

Украинскиот земјоделски сектор со загуби од 80 милијарди долари

Украинскиот земјоделски сектор претрпе речиси 80 милијарди долари директни и индиректни загуби од пошетокот на војната, соопштија аналитичарите од Киевскиот економски факултет (КСЕ). На почетокот на јануари 2023 година, аналитичарите ги процениле загубите на 38 милијарди долари, објави „Ројтерс“. Во пресметката на штетите, биле користени податоците од украинската влада и други извори. Директните загуби на […]

ДЗС: Просечната нето-плата во декември 2023 година изнесува 39 998 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 116.4. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со […]

Во името на народот – популизмот и економијата

Една од најопасните епидемии кои во поново време го преплавија светот е напливот на популизмот, кој не познава никакви граници и подеднакво ги зафаќа развиените и неразвиените, западните и источните земји. Неодамна се појави еден интересен труд посветен на економските последици од популизмот (Manuel Funke, Moritz Schularick, Christoph Trebesch (2023). Populist Leaders and the Economy. […]

ОИЛКО КДА – Скопје достави понуда за преземање на сите обични акции со право на глас, издадени од „МАКПЕТРОЛ“ А.Д.

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, Управниот одбор на „МАКПЕТРОЛ“ А.Д. – Скопје ja известува јавноста за следната ценовно чувствителна информација: – Известуваме дека, согласно членот 28 од Законот за преземање на акционерските друштва, Управниот одбор на „МАКПЕТРОЛ“ А.Д. – Скопје, на ден 21.2.2024 година, доби Понуда и Проспект за преземање од ОИЛКО КДА […]

Три земји поседуваат над 50 отсто од светските резерви на ураниум

Австралија, Казахстан и Канада поседуваат повеќе од 50 отсто од светските резерви на ураниум. Најбогати резреви од 1,7 милиони тони ураниум поседува Австралија, или 28 отсто од светските резерви, Казахстан има 815.000 тони или 13 отсто, а Канада има 589.000 тони или 10 отсто од резервите, пишува порталот Оилпраис. Значајни наоѓалишта на ураниум има и […]