ТИРЗ: Скопје на првото место како најрентабилен европски град со средна големина за инвестирање

Скопје се најде на врвот на ТОП 10 европски градови со средна големина според ефективноста, односно рентабилност за инвестирање на рангирањето кое го прави економското списание ФДИ интелеџенс, дел од реномираниот меѓународен весник за економија, Фајненшл Тајмс, соопшти Дирекцијата за технолошко-развојни зони. – Ова е скок од четврто место на кое беше главниот македонски град […]

Во Азија се создава нова светска економска сила

Трговската напнатост меѓу САД и Кина го потикна брзиот раст на Виетнам, кој го добива статусот на светски производен центар. Во следната деценија оваа азиска земја ја очекува најбрзиот раст од 125 отсто на националното богатство, се процените на аналитичарите на компанијата „Њу ворлд велф“. Во наредниот период Виетнам ќе оствари најголем пораст на БДП […]

Опаѓа продажбата на станови, расте побарувачката за земјиште

Вредноста на назарот на станови во Србија се намалила за 28 отсто, додека прометот за земјоделското земјиште се зголемил за 38 отсто, во четвртиот квартал во 2023 година. Покрај стабилизација и смирување на активностите на пазарот за недвижности, во наведениот квартал, има и смирување на растот на цените на становите на ниво на целата земја, […]

Европските земји се заинтересирани за украинските работници

Украинските бегалци во Европската Унија имаат повисоки квалификации и образование од локалното население, а поради нивните културни карактеристики подобро се прилагодуваат на условите живот во земјите од ЕУ. Поради поголемиот недостиг на работници во ЕУ, кај европските земји е очигледен интересот за да ги задржат украинските работници, покажува истражувањето на Центарот за европски студии. Бројот […]

Саем на мебел во Скопје од 20ти до 24ти март во комплексот „Борис Трајковски под мотото „Освежи го својот дом“

Во тек се последните подготовки за уште една успешна саемска приказна. На 20ти март започнува Саемот на мебел со целосна понуда за сите вкусови. За Саемот на мебел резервирани се пет дена во комплексот „Борис Трајковски“ и сите посетители ќе имаат можност да ги слушнат најдобрите совети и да ги изберат најуникатните парчиња мебел за […]

За Бугарија има уште еден услов за влез во еврозоната

Бугарија има реални шанси да се приклучи на еврозоната во 2025 година со исполнување на сите услови за членство. Сите прогнози на Европската комисија и ЕЦБ покажуваат дека последниот критериум за инфлацијата, ќе биде исполнет во 2024 година, изјави министерот за финансии Асен Василев, по минатонеделниот неформален состанок со министрите за економија и финансии на […]

Сме имало развиено банкарство и пред Втората светска војна

Живееме во време во кое се верува дека финансиските услуги се измислени од вчера и дека имаат единствена намена да нè излажат и да ни наштетат лично нам. Но, ако погледнеме малку наназад низ историја не само што ќе видиме дека банки постоеле и функционирале стотици години наназад туку и начинот на нивното работење и […]

Целосна дигитализација на „Експо 2027“ во Белград

Meѓународната специјализирана изложба „Експо 2027“, која треба да се одржи во Белград, ќе биде дополнителен мотив за потикнување на развојот на ИТ индустријата во Србија, изјави Михајло Јовановиќ, српскиот министер за информирање и телекомуникации. – Сакаме светската изложба да биде целосно дигитализирана. Да доминира технологијата, да имаме дронови, летечко такси, автономни возила, а сето тоа […]

На брегот на Египет ќе никне нов модерен град

Претставници на египетските власти потпишаа историскиот договор со претставници на Обединетите Арапски Емират (ОАР), за финансиска инвестиција од 35 милијарди долари за изградба на нов град во Египет. Градот Рас ел-Хекма ќе се гради на северозападниот брег на Египет и ќе претставува нов урбан, деловен и туристички центар. Со проектот се опфатени станбени населби, хотели […]

За колку ќе се намали цената на струјата со помала „универзална“ маржа?

Најдоцна до шести април годинава ќе треба да заврши процедурата за избор на нов универзален снабдувач во следните пет години. Од Владата очекуваат со пониската маржа да се намалат сметките за струја за граѓаните и за малите потрошувачи. Согласно информациите на Комисијата за спроведување на изборот на новиот универзален потрошувач, кои беа објавени по отворањето […]