Зголем прометот од продажба на услуги во четвртото тримесечје од 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот од продажбата на услугите во четвртото тримесечје од 2023 година покажува зголемување во однос на четвртото тримесечје од 2022 за 3.7 %. Во четвртото тримесечје од 2023 година, во однос на истото тримесечје од 2022 година, зголемување се јавува во поголем дел од одделите, а најголемо е […]
На продажба хрватски остров за 3,2 милиони евра!

Една хрватска агенција за недвижности во своите огласи нуди и продажба на мал остров во Јадранското Море по цена од 3,2 милиони евра. Станува збор за Велики Шкољ во Малостонскиот залив, со површина од 21.677 квадратни метри. Агенцијата која го огласила за продажба, тврди дека островчето е иделно место за венчавки, за уживање во школки […]
ИЕА: Глобалната потрошувачка за нафта ќе успори во 2024 година

Глобалната потрошувачка на нафта во 2024 година ќе успори од 2,3 милиони барели дневно на 1,3 милиони, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во нејзиниот извештај за март. Прогнозата за 2024 година е зголемена за 110 илјади барели дневно во однос на претходните февруарски процени, бидејќи нападите на јеменските Хути на бродовите кои пловат во […]
Земјите од ЕУ се договорија за ефикасна наплата на сообраќајните казни

Земјите од Европската Унија планираат да ја подобрат соработка за поефикасна наплата на сообраќајните казни. Сега, за околу 40 отсто од сообраќајните прекшоци не се плаќа казна за престап направен од возачот преку границата на сопствената држава, соопшти Европскиот парламент. Претставниците на Европскиот парламент се договорија да се подобри процедурата за административна помош. Договорените прописи […]
Високите трошоци го намалија бројот на еко фармите во Австрија

Австрија е водечка земја во Европската Унија во еколошкото земјоделско производство, а 27,1 отсто од обработливите површини се обработува на еколошки начин. Просекот во ЕУ изнесува околу десет отсто. Во 2023 година, продажбата на еколошки и свежи производи се зголеми за 5,2 отсто и достигна 873,6 милиони евра, но се намали во категоријата на други […]
МФ: Заокружена финансиската конструкција за изградба на Гасниот интерконектор со Грција, обезбедени 98,6 милиони од ЕБОР

Државата ја заокружи финансиската конструкција за реализација на проектот за изградба на Гасен интерконектор со Грција со обезбедување 98,6 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Денеска во Собранието беше усвоен Законот за гаранција на РС Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе […]
Србија ја шири мрежата на електрични полначи за автомобили

Две компании биле избрани на јавниот повик на Јавното претпријатие „Патишта Србија“ за изградба на 16 зелени станици на главните сообраќајни коридори во земјата. Проценетата вредност на оваа инвестиција, која е наведена на јавниот повик, изнесува околу 768 милиони динари. Според претходните најави на Горан Весиќ, српскиот министер за сообраќај, градежништво и инфраструктура се планира […]
Бразил станува економски мотор на Јужна Америка

Бразил може да прерасне во главен мотор на економскиот раст во Јужна Америка, а еден од факторите за остварување на оваа цел, е зголемената соработка со Русија и Кина. Бразил повторно е меѓу десетте најголеми светски економии со остварен раст од 2,9 отсто и со БДП во износ од две илјади милијарди долари во 2023 […]
Николовски: Земјоделците кои немаат аплицирано за дополнителни субвенции за 2023 година, ќе добијат можност тоа да го сторат оваа година

Земјоделците кои немаат аплицирано за дополнителни субвенции за 2023 година, ќе добијат можност тоа да го сторат оваа година, информираше денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Посочи дека со новиот модел за основна субвенција за оджување на површините добиваат сите земјоделци, додека пак дополнителна субвенција добиваат земјоделците што произведуваат култура од листата […]
Бугарија ја намали годишната стапка на инфлација

Во февруари поскапеле угостителските услуги во Бугарија Годишната стапка на инфлација во Бугарија во февруари се намали на 3,3 отсто и е на најниско ниво од јули 2021 година. Инфлацијата во јануари кај нашиот источен сосед изнесуваше 3,8 отсто, објави денеска бугарскиот Национален институт за статистика. Цените на храната и безалкохолните пијалоци во февруари пораснаа […]