Австралија се приклучува на новите правила на оданочување

Мултинационалните компании ќе плаќаат помал данок Владата на Австралија ги откри плановите за воведување на данок од најмалку 15 отсто на добивката на мултинационалните компании, а новите правила ќе стапат до јули годинава. – Мултинационалните компании кои остваруваат големи профити во Австралија ќе треба да плаќаат данок во Австралија, изјави министерот за финансии Џим Чалмерс, […]
Во Њујорк живеат најголем број на богаташи

Во Њујорк живеат најбогатите Американци, а во последната деценија нивниот број се зголеми за 48 отсто и сега во најголемиот град во САД има 350 илјади милионери и 60 милијардери, соопштија од консултантската компанија „Хенли и Партнерс“. Регионот околу заливот Сан Франциско е второ „најбогато“ место во Америка со повеќе од 305 илјади милионери и […]
Слабоста на германската економија ќе продолжи

Периодот на слабост на германската економија ќе продолжи и во вториот квартал на 2024 година. Домашната економија првиот квартал ќе го заврши со блага рецесија и оствари втор последователен период на пад на бруто домашниот производ. Во трите месеци на крајот од 2023 година германската економија оствари негативен раст од два отсто. Од личната потрошувачка, […]
Финансискиот имот на Хрватите се состои во готовина и во депозити

Хрватите имаат натрпосечни познавања за финасиската област, но не се доволно добри во финансиското однесување. Во делот на финансиската дигитална писменост Хрватска е над просекот на Европската Унија и ОЕЦД. Хрватите најмногу пари држат во облик на готовина или во депозити во банките, а ова изнесува 61 отсто од финансискиот имот, што е над просекот […]
БиХ со огромен пад на извозот на електрична енергија

Извозот на струја од Босна и Херцеговина во првите два месеци од годинава изнесувал 128 милиони конвертабилни марки и претставува намалување за 52 отсто во однос на истиот период лани. Намалувањето на извозот на струја има кај двата ентитета, но повеќе пари изгуби Федерацијата на БиХ, објави Бизнисинфо.ба. Извозот од ФБИХ за двата месеца е […]
(Галерија) Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ има 1500 дипломци во Македонија

Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ одржа средба на дипломци во Скопје со која уште еднаш покажа дека е најголемата заедница на дипломци од странска високообразовна институција во земјава. На средбата на која освен дипломците, беа присутни и претставници на академскиот кадар од СИТИ Колеџ, беше потенцирано значењето на институцијата во обезбедување квалитетна образовната […]
Словенија го субвенционира поставувањето на ветерни електрани

Словенија се обидува да ги поттикне општинските власти и населението да прифатат поставување на ветерните електрани на својата територија, со што им се одобрува субвенција од 200 илјади евра по еден мегават. Овие средства ќе бидат исплатувани преку механизмите за поттикнување на производството на енергија од обновливи извори. Минималниот капацитет на ветерните електрани треба да […]
Субвенционираната нафта за земјоделците им создава проблеми на сопствениците на пумпи

Сопствениците на приватните пумпи во Србија покренаа иницијатива за измени на постојниот начин на продажба на дизелот за земјоделските производители, како и за зголемување на продажната маржа за ова гориво од сегашните 13 на 18 динари. Поради ваквата ценовна политика минатата година во Србија биле затворени 35 приватни бензиски пумпи претежно во внатрешноста на земјата, […]
Најголем пад на цените на становите во Германија

Цената на куќите и становите во Германија минатата година забележаа најголем пад од 2000 година. Во 2023 година објектите за живеење поевтинија во просек за 8,4 отсто во однос на 2022 година, соопшти Сојузниот завод за статистика. Во четвртиот квартал лани цените беа за 7,1 отсто пониски споредено со истиот период од 2022 година, односно […]
Две нови апликации за спречување на сајбер насилство и зајакнување на сајбер безбедноста

Тимот на Аналитика ги објави двете нови мобилни апликации чија цел е да се справат со актуелните прашања за сајбер насилството и сајбер безбедноста кај младите. Социјалниот живот на нашата младина е префрлен на социјалните мрежи но тие во голема мера не се свесни за ризиците кои ги имаат социјалните мрежи како што: cajбер булинг, […]