Какаото ја надмина цената од 9.000 долари за еден тон

Поради лошата жетва во Западна Африка Цената на какаото ја надмина границата од 9.000 долари за тон за прв пат во досегашното тргување на берзите. Причините за големиот скок на вредноста на какаото се послабата жетва поради лошото време и болестите кои ги зафатија насадите на одгледувачите во Западна Африка, кои се најголеми снабдувачи во […]
Прво делегациско патување во Баварија на тема развој на туризмот во Северна Македонија

Отвораме нови перспективи за земјата, презентирајќи го туризмот како можност за отпочнување на соработка со германски компании и во оваа област Како дел од проектот „Bayern Fit for Partnership“,во Баварија се одржа Делегациско патување на тема: Развој на туризмот во Северна Македонија. Делегациското патување беше организирано од АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските […]
Павлов: Гледано по реализација, 2024 година ќе биде подобра година од 2023 година

Тони Павлов, директор на ДИВИ Македонија Какви се вашите очекувања за градежниот сектор за 2024 година? Гледано по реализација, 2024 година ќе биде подобра година од 2023 година за градежниот сектор. Тоа ќе се должи на планираните и на започнатите капитални проекти во инфраструктурата, односно патишта и железници (коридорите 8 и 10 од 1,3 милијарди […]
Трајковски: Оваа година највлијателната гранка во македонската економија ќе почне да се враќа на позитивните патеки

Стрезимир Трајковски, Усјепор ДООЕЛ Скопје Какви се вашите очекувања за градежниот сектор за 2024 година? По неколкугодишен негативен тренд, градежништвото се соочува со предизвици. Имам оптимистички очекувања дека во текот на оваа година највлијателната гранка во македонската економија ќе почне да се враќа на позитивните патеки. Креирање на долгорочна стратегија за развој на градежништвото во […]
Чубриноски: Отворен Балкан уште повеќе ќе придонесе за одлив на работна сила

Ѓуро Чубриноски, Д.Г.Т.МАСОН-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје Какви се вашите очекувања за градежниот сектор за 2024 година? Мораме да бидеме оптимисти и да се бориме за подобро утре бидејќи градежништвото е важно за економијата, кормило кое ја движи економската активност и затоа е потребно да го заштитиме и да го унапредиме. Но, и покрај тоа, следува година […]
Оваа недела ќе се одржи 50. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 28 март 2023 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 50. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка. На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Испитување на динамичкиот пренесен ефект на светските цени врз македонските цени на храната“ од авторите Даница Уневска Андонова и Магдалена Петровска. По презентирањето на […]
Исплатата за невработените лица го зголеми буџетскиот дефицит на Франција

Дефицитот во државниот буџет на Франција во 2023 година се искачил на 5,5 отсто од БДП, што е зголемување во однос на предвиденото ниво од 4,9 отсто. Буџетскиот дефицит во 2022 година изнесуваше 4,8 отсто од БДП, објави Франс24. Министерот за финансии Бруно Ле Мер изјави дека даночните приходи кои го следат растот на инфлацијата […]
Производителите во САД не можат да ја исполнат целта за електрични автомобили

Американската влада донесе важна одлука за автомобилската индустрија Американската влада ги измени правилата со кои производителите на автомобили беа обрзани да произведуваат повеќе електрични автомобили, а во спротивно ќе се соочеа со високи казни. Министерството за енергетика на САД одлучи да го одложи укинувањето на правилата за електрични автомобили со кои на производителите им се […]
ДЗС: Во 2023 година, звањето доктор на науки го стекнале 174 лица

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, звањето доктор на науки го стекнале 174 лица, што претставува намалување за 11.7 % во споредба со 2022 година. Најголем број од лицата, 22.4 %, докторирале во областите бизнис, администрација и право, потоа 20.7 % во здравство и социјална заштита, следат општествените науки, новинарството и […]
ДЗС: Прометот во индустријата намалена за 12,8 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 87.2. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.0 % и Капитални […]