Изборите завршија, враќање на редовните колосеци-одма, сега и веднаш

1. Завршија двојните избори, седми по ред претседателски и единаесетти по ред парламентарни. Покрај честитките до победниците, посебни честитки за македонскиот народ кој покажа висока демократска зрелост и во голем број, без некои поголеми инциденти, потврди дека припаѓа на друштвото со европски вредности и јасно е определен да истрае на истите. Сѐ на сѐ, кога […]

Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата

Најновите макроекономски случувања и перспективи во Еврозоната ќе бидат главна тема на денешниот состанок во Брисел на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ што го користат еврото како валута, познат како заседание на Еврогрупата. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, предвидено е претседателот на Еврогрупата, ирскиот министер за јавни расходи, имплементација […]

Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот

Албанскиот Институтот за статистика, ИНСТАТ, објави дека инфлацијата во месец април изнесува 2,1 отсто, што е за 0,2 отсто пониска споредено со месец март, додека во однос на април минатата година е пониска за 2,5 отсто. – Ова е најниското ниво на инфлација од октомври 2021 година, кога цените почнаа да растат како резултат на […]

Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром, се истражуваат можностите за авиолинија со Мадрид

Прв чартер лет на шпанската национална авиокомпанија Ибериа, од Мадрид, вчера попладне слета на Меѓународниот Аеродром Скопје и донесе 120 шпански туристи во Македонија, вклучувајќи и шпански блогери, кои ќе ја истражуваат земјава во следните неколку дена, објави денеска на својата Фејсбук страница операторот на аеродромите во државава ТАВ Македонија. -Овој лет е резултат на […]

Усвоен најновиот Квартален извештај со пролетните макроекономски проекции на Народната банка

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции пред јавноста, на конференцијата за печатот. Макроекономските проекции за периодот 2024 − 2026 година упатуваат главно на слична макроекономска […]

Новата деловна стратегија на НЛБ Групацијата претставена на „Денот на инвеститорите“ во Љубљана

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголембиланс и една милијарда евра добивка до 2030 година НЛБ Групацијата до 2030 година ќе стане водечка банкарска Групација во регионот, со повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и добивка од една милијарда евра. Ова е основата на новата, амбициозна деловна стратегија на НЛБ Групацијата, која вчера […]

Евровизија го зголеми интересот кај скандинавските туристи за одмор во Хрватска

Од туристичките пазари во Скандинавија, Германија, Франција, Чешка, Словачка и од Кина има зголемена резервации за престојување на хрватското крајбрежје, информираат од Хрватската туристичка заедница. На зголемената побарувачка од Шведска влијаеше и подобрата перцепција на шведските граѓани за летување во Хрватска, по одржувањето на Евровизија во Малме и добриот пласман на хрватскиот натпреварувач, како и […]

Од полноќ бензините поевтини за 1,5 денар за литар, а дизелот за половина денар

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денари за литар, а малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за половина денар за литар. Како што сооопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за […]

Просечната сметка за струја во Црна Гора е 28,73 евра

Просечната сметка за електрична енергија за домаќинствата во април во Црна Гора изнесува 28,73 евра. Домаќинствата во Жабљак имаат најниска просечна потрошувачка во вредност од 17,09 евра, а најголема просечна месечна сметка за струја има во Тиват, каде домаќинствата платиле 34,03 евра. пренесува „Мина“. Речиси 67 отсто од домаќинствата добиле априлски сметки во износ до […]