Возилата на бензин со највисок раст на продажбата во ЕУ

Во земјите од Европската Унија во април годинава се регистрирани 913.995 нови автомобили, што е за 13,7 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, објави Здружението на европски производители на автомобили (АЦЕА). На сите поголеми европски пазари е забележан годишен раст, во Шпанија за 23,1 отсто, Германија за 19,8 отсто, Франција за 10,9 отсто […]

ПроКредит Банка и ЕБОР најавуваат конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото

На 28 мај во ресторанот Ragusa Rooftop 360 со почеток од 10:00ч ќе се одржи конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото под слоганот „Круг на нови можности“, во организација на ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Како дел од новите програми за поддршка, Youth in Business и Women in […]

Има ли живот по избори?

Кампањата заврши, изборите завршија. Партиските армади ги бројат ранетите, ги развиваат бајраците, ги сумираат резултатите, ги прават математиките. Поразените се невидливи, избираат да останат дома. Победниците се растрчани, нови надежи за државата и за себе. Од другата страна е една тивка армија на неопределени гласачи, некои од нив определени во последен миг, тивка армија на […]

Австралија Експо повторно во Скопје – Откријте ја можноста за квалитетно универзитетско образование во Австралија

Доколку бараме синоним за најдалечна, но можеби една од најегзотичните држави во светот, меѓу првите одговори сигурно ќе се пронајде името на Австралија. Разликите во распонот на животниот стил во една земја, како и можностите за студирање, кариера, а воедно и опкружувањето, може да варира значително многу. Студирањето е една од најглавните раскрсници во животот […]

Златни медали за „Tikveš Châteaux & Domaines“ од реномираниот француски магазин „Terre de vins“

Две вина на „Tikveš Châteaux & Domaines“ освоија златни медали на натпреварот што го организира реномираниот француски магазин „Terre de vins“ (Земја на виното). Во конкуренција од речиси 2.000 вина, претежно од Франција, искусните оценувачи, меѓу кои сомелиери, вински трговци, енолози, увозници и сл., им доделија златен медал на белото вино „Fontaine du Sud 2023“ […]

Владата на Србија продолжи со ограничување на цената на лебот

Владата на Република Србија ја усвои уредбата за задолжително производство и промет на лебот од брашното Т-500 со која се пропишува максимална малопродажна цена во износ од 54 динари, а производната цена да изнесува 46,31 динари. Владата на Србија донесе одлука и за интервентна продажба на 64.000 тони брашно од пченица на производителите на леб, […]

Ново искуство при пазарување со советниците за убавина во dm дрогериите: стручни совети, одредување на типот на кожа и професионално шминкање

dm дрогерие маркт за сите љубители на шминката и негата воведува нова услуга – Стручно beauty советување од страна на обучени советници за убавина во dm, професионално шминкање и одредување на типот на вашата кожа. Професионално шминкање и beauty советување Како да ја изберам правата нијанса на пудра, како се контурира мојот облик на лице, […]

Референтната каматна стапка во Турција остана на 50 отсто

Централната банка на Турција одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на 50 отсто. Основниот тренд на месечната инфлација во април е благо забавен, но продолжуваат притисоците за инфлација поради цените во секторот услуги, растот на цената на храната и геополитичките ризици, се наведува во соопштението на Комитетот за монетарна политика во Централната банка на […]