Економија и бизнис | 15 јуни 2024г.

Во бројот од 15 јуни 2024 ќе читате… Доколку сакате да се претплатите и да го добивате печатеното издание на адреса што вие ќе ја посочите, без трошоци за достава, кликнете ТУКА.

(ВИДЕО) Витаминка прва во Македонија се дигитализира со Microsoft – Dynamics 365 Finance and Operation

Витаминка е првата компанија во Македонија која во сите процеси, производство, набавка, магацини, продажба и финансии, го имплементира ЕРП решението од Microsoft – Dynamics 365 Finance and Operation. Со ова Витаминка е на пат кон целосна дигитализација на работата, од влез на суровина до излез на готов производ и нивно складирање. Инвестицијата во најновите технологии […]

Во САД се намалува бројот на работници од дома

Работниците се враќаат во канцелариите, а работата од дома во Соединетите Американски Држави е на најниско ниво. Во мај годинава само 26,6 отсто од работните денови биле извршени од дома, за разлика од 60 отсто во времето на пандемијата. Сепак, работата од дома доминира во неколку индустриски гранки, покажало најновото истражување кое е спроведено од […]

Прва жртва од високите температури во Албанија

Во Албанија регистрирана е првата жртва од високите температури, кои во одделни места достигнува до 40 степени. Според медиумите станува збор за 80-годишен старец кој вчера попладне бил пронајден без знаци на живот кај магистралниот пат Росковец-Берат. Во меѓувреме во земјата расте бројот на пожари. Моментно пожар од поголеми размери има над селото Машкулоре, кај […]

ЕУ предупредува на прекумерно буџетско трошење во Франција, Италија…

Од Европската Унија денеска се очекува да ги опомене 10 влади, вклучително и Франција и Италија, поради нивното прекумерно трошење откако новите буџетски правила стапија на сила оваа година. Ова ќе биде првпат Брисел да ги опоменува нациите откако ЕУ ги суспендираше правилата по пандемијата на Ковид во 2020 година и енергетската криза предизвикана од […]

Започнува првото македонско адреналинско шоу ТРИУМФ кое ќе се емитува на јутјуб каналот LAZAROV и стриминг платформата GLEY

Подгответе се за адреналин во големи количини и неверојатен натпреварувачки дух, затоа што наскоро започнува „Триумф“, првото адреналинско шоу во историјата на македонскиот етер. ​Станува збор за нов проект со оригинален концепт, снимен по светски стандарди и токму затоа, со емитувањето на првата епизода „Триумф“ ќе означува почеток на нова адреналинска „шоу“ ера во Македонија. […]

Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информираа земјоделците дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети. Кон околу 4.030 производители на градинарски култури исплатена е финансиска поддршка од близу 298 милиони евра. Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои […]

Германските компании очекуваат високи профити од соработката со Индија

Индија нуди широки можности за соработка и за зголемување на економските активности со германските компaнии. Во анкетата која била спроведена во 85 ограноци на германските компании во Индија и од Германија, повеќе од 78 отсто очекуваат раст на продажбата, а 55 отсто повеќе профит во оваа фискална година, објави агенцијата ДПА. Индија е привлечна земја […]

УНДП конференција: Родовата еднаквост во намалувањето на ризиците од катастрофи

Љубица Теофиловска, проектен менаџер во УНДП Катастрофите ги погодуваат сите, но последиците од нив не се еднакви за сите. Одредени категории граѓани, особено жените, лицата со попреченост и други ранливи групи, се помалку заштитени во случаи на катастрофи. Овие прашања во однос на родовата еднаквост во намалувањето на ризиците од катастрофи беа во фокусот на […]

ЖЕНИТЕ НА БЕДЕМОТ НА ОТПОРНОСТ КОН НЕПОГОДИ

Кристина Плечиќ, специјалистка за родови прашања во УНДП Верувам дека овој наслов звучи чудно. Тоа е така затоа што обично сме навикнати да слушаме за жените како жртви и како пасивни играчи во случаи на непогоди. Кога размислуваме за родовиот аспект на климатските промени, поточно на кој начин непогодите влијаат различно врз жените и мажите, […]