Осигурување на домот − зошто? Првата работа која треба да ја направиме по купувањето на домот!

Сон на секое семејство или на поединец е поседување на свој сопствен дом. Во денешно време инвестирањето во свое место за живеење претставува финансиски предизвик и голем животен исчекор во осамостојувањето на секој човек. Но, предизвиците не завршуваат со купувањето на домот и со добивањето на клучевите. Напротив, во тој момент започнува грижата за имотот […]

Прва летна школа за професионалци од осигурителната индустрија

Од 1 до 5 јули, Факултетот за туризам и угостителство од Охрид ќе биде домаќин на првата летна школа за професионалци од осигурителната индустрија организирана од страна на Асоцијацијата за ризик и осигурување на Источна Европа (EERIA). Станува збор за интензивна и за интерактивна петдневна програма за продлабочено разбирање и за владеење на осигурителниот бизнис. […]

ЕУ го истражува трошењето на средствата од ИПАРД за Албанија

Европската комисија соопшти дека престанала да ги исплатува надоместоците за потрошените средства за Албанија од јули 2023 година и ги прекина сите мерки во рамките на Инструментот за претпристапна помош во областа на руралниот развој (ИПАРД) , поради наводни неправилности во трошењето на средствата констатирани во истрагата која ја спроведува Европската служба против измами (ОЛАФ). […]

Претпријатијата во Црна Гора имаат висок процент на иновативност!

Во Црна Гора во периодот од 2020 до 2022 година 66,9 отсто од претпријатијата вовеле барем една од иновативните активности, покажуваат прелиминарните податоци од истражувањето кое е спроведено од Монстат, а се однесува на воведувањето на иновации на производот ( стоките и услугите), новини во деловниот процес или други иноватнивни активности. – Во набљудуваниот период […]

Младите Германци повеќе сакаат да работат од дома

Во Германија неколку години по пандемијата со Ковид-19 и понатаму е висок процентот на лица кои работат од дома, соопшти Федералниот завод за статистика во Визбаден. Во 2023 година 23,5 отсто од вработените во целост или делумно работеле од дома, што е минимален пад во споредба со минатите години. Пад е регистриран кај лицата што […]

Со возбудлива вечер на иновации БАТ во Скопје го прослави лансирањето на уредот glo Hyper Pro

Синоќа Скопје беше центар на настани. Во индустрискиот амбиент на Лабораториум, а во друштво на многубројните гости, БАТ со стил ја прослави својата најнова иновација – уредот за загревање на тутун glo HYPER PRO. На тој начин, корисниците во Македонија се придружија на скоро девет милионите полнолетни корисници на glo ширум светот. Како што потврдија […]

Народната банка ги предупредува граѓаните: Не одговарајте на лажни телефонски пораки!

Злоупотребувајќи го идентитетот на Народната банка преку телефонски повици непознати лица, се обидуваат противправно да остварат финансиска корист и/или да приберат лични податоци коишто потоа можат да бидат злоупотребени. Ја известуваме јавноста дека Народната банка нема никаква поврзаност со лицата коишто ги оствариле телефонските повици и апелираме до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту […]