Во САД половина од возрасните работоспособни лица имаат ограничено познавање на англискиот јазик

Во САД во последните две децении се зголемува бројот на возрасни лица кои имаат ограничени познавања на англискиот јазик и нивото учество достигна 50 отсто. Државните и федералните служби финансираат програми за обука на луѓето со ограничени познавања на јазикот со намера нивното учество да го намали на 40 отсто, покажуваат последните анализи на Институтот […]

Во Стопанската комора на СМ презентирани резултатите од истражувањето „Биоотпадот во С. Македонија – мапирање на проблемот и изнаоѓање решенија“

Во организација на Асоцијацијата на биогасни централи и производители на биомаса во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, како дел од проектната активност во соработка со Програмата заголемување на пазарната вработливост – ИМЕ финансирана од Владата на Швајцарија, a имплементиранa од групацијата Palladium International LLC, се одржа работилница на тема „Биоотпадот во С. Македонија […]

Халкбанк пет години трансформира еко избори во секојдневни навики преку ХалкЕко

Петтoто издание на хронометар велосипедската трка Halk Velo Green ќе се одржи на 8. септември во Маврово, а сите љубители на велосипедизмот и природата, од најмлади до најискусни, рекреативци или професионалци, за учество можат да се пријават најдоцна до 3. септември преку www.smartrace.club. Велосипедската трка, петта година по ред ја организира Халкбанк АД Скопје како […]

Француската економија со минимален раст

Француската економија во вториот квартал годинава пораснала за скромни 0,3 отсто поради благиот раст на потрошувачката и на производството, покажуваат прелиминарните податоци на статистичкиот завод ИНСЕЕ. Домашната потрошувачка забележа благ раст и ги подобри перформансите на француската економија. Вкупното производство на стоки и услуги се зголеми за 0,5 отсто, по падот од 0,1 отсто во […]

Петрова: Прво ребаланс на Буџетот, па исплата на средствата за „Мој ДДВ“

Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ за второто тримесечје нема да започне пред да биде усвоен ребалансот на Буџетот за 2024 година, бидејќи во сегашниот буџет на УЈП не се предвидени средства за исплата. Затоа е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тримесечје, порача денеска директорката на Управата за […]

Нова даночна стратегија во Црна Гора: зголемување на ДДВ за книгите, билетите за театар, музеи, кино…

Со новата фискална стратегија на Црна Гора се предвидува зголемување на стапката на ДДВ од седум на 15 отсто за издавање на книгите и на дневните и периодичните печатени изданија. Со зголемувањето на данокот цените на книгите ќе се зголемат за осум отсто, пренесува „Мина“. Во повеќето европски држави во Европската Унија издавањето на книги […]

Економијата на ЕУ со раст од 0,3 отсто, Германија со пад на БДП од 0,1 отсто

Економијата на Европската Унија во второто тромесечие годинава порасна за 0,3 отсто, но германската економија забележа пад на БДП од 0,1 отсто, објави денеска Евростат. На ниво на еврозоната економскиот раст во периодот јануари-март е 0,3 отсто, што е прв „позначителен“ раст во изминатата година кога покажуваше знаци на стагнација и се движеше околу нула […]

Во првите 100 дена од мандатот ќе се врати електронското закажување за поднесување барања за документи, најави Андоновски

Наскоро ќе бидат вратени во функција сервисите за електронско закажување и добивање документи преку порталот uslugi.gov.mk, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Не прецизира кога, но очекува да биде во првите 100 дена од мандатот. Електронското поднесување на барањата за документи во МВР извесен период е прекинато и со министерот за внатрешни работи Панче […]

Унгарската опозиција има нов лидер. Што треба да знаете за Петер Маѓар?

Еден скандал за контроверзно помилување на човек кој му помогнал на педофил предизвика драма во унгарското општество и во политиката. Железното владеење на Виктор Орбан почна да покажува пукнатини. Центарот на оваа политичка драма е човек кој, до неодамна, беше дел од системот на владејачката партија Фидес и поранешен сопруг на поранешниот моќен министер за […]

Пожарот над Пехчево се поблиску до првите куќи, Китански апелира населението да се вклучи во гаснењето

Градоначалникот на Пехчево Александар Китански денеска, преку својот фејсбук профил, апелира населението да се вклучи во гаснењето на пожарот кој стигна над градот Пехчево. Пожарот денеска повторно избувна над селото Негрево и носен од ветрот се шири во правец на градот. Во моментот, како што информира Китански од терен, сите инволвирани во гаснењето на пожарот […]