Именувани нови директори во Водостопанство, Царинската управа…

Владата на вчерашната седница донесе повеќе кадровски одлуки. Сузана Јордановска, на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја именува за в.д. директор на Државна фитосанитарна лабораторија, а Ромео Тренов за директор на Управата за водостопанство. Фикрет Хоџа е именуван за вршител на должноста заменик на директорот на КПУ Затвор Битола, додека Гарип Каба, […]
Катастрофален род на пченица во Франција, светските цени на лебното жито се стабилни

Производството на пченица во Франција во сезоната 2024/25 може да се намали на 25,2 милиони тони, што е за 27 отсто помалку во однос на петгодишниот просек, објави агенцијата за аналитика Аргус. Непрекинатите дождови, недостигот на сонце и ниските температури, кои ги поттикнаа болестите на пченицата, се одразија на приносот и квалитетот на годинашниот род […]
Кинеските технолошки компании прават залихи од HBM чипови!

Кинеските технолошки гиганти прават залихи од висококвалитетни чипови, бидејќи стравуваат од нови санкции од Вашингтон на извозот на полупроводници во Кина, пренесува „Еуроактив“, кој се повикува на информации од три неименувани извори. Кинеските компании од почетокот на годината почнаа да купуваат поголеми количини на полупроводници со голема пропусна моќ (HBM ), кои имаат капацитет за […]
Олимписки игри Париз 2024: Олимписките фанови ја доживуваат возбудата на натпреварот во едрење со Galaxy S24 Ultra

▲ Паметните телефони Galaxy S24 Ultra инсталирани на едрилицата на Роберт Диксон (Robert Dickson) и Шон Вадилав (Sean Waddilove) од тимот на Ирска додека се натпреваруваат во класата Skiff 49er за мажи на четвртиот ден од Олимписките игри Париз 2024 во Марсеј Марина на 30 јули 2024 година во Франција. (Фотографија од Getty Images) Samsung […]
Гајдова: Единствено недостасува соодветна имплементација на законите

Неодамна во Вилниус, Литванија се одржа Меѓународната конференција за антикорупција, најголемиот светски форум за борбата против корупцијата. На конференцијата учествуваа повеќе од 2 000 учесници од повеќе од 140 земји. Со помош и во организација на Амбасадата на САД во земјава, на оваа врвна конференција учествуваше и група составена од претставници на различни институции, каде […]
Флaнeс: Клучната пречка е имплементацијата на ефективните алатки за борба против корупцијата и неказнивоста

Неодамна во Вилниус, Литванија се одржа Меѓународната конференција за антикорупција, најголемиот светски форум за борбата против корупцијата. На конференцијата учествуваа повеќе од 2 000 учесници од повеќе од 140 земји. Со помош и во организација на Амбасадата на САД во земјава, на оваа врвна конференција учествуваше и група составена од претставници на различни институции, каде […]
Паниката по црниот понеделник на берзите помина, но продолжува „коктелот“ од неповолни фактори

Европските и американските берзански индекси и денеска се во пораст по смирувањето на пазарите на хартии од вредност, по понеделничкиот пад на берзите во светот. Берзите реагираа пречуствително поради стравот дека американската централна банка ФЕД задоцнила со намалување на каматните стапки и дека не успеала да го спречи забавувањето на економијата на САД, пренесува Си […]
Во јули цените на мало повисоки за 3,9 отсто, инфлацијата за 3 отсто

Индексот на трошоците на животот во Македонија во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи зголемување од 3 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,9 отсто, објави Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 […]
ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ НА МАКЕДОНИЈА ЗГОЛЕМЕНИ НА 4,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, 11 отсто се во монетарно злато

Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 4.428,5 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 91 милион евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (59,6%), по што следуваат валутите и депозитите (29,1%) и монетарното злато (11,2%). фото freepic
Македонија има најбрз интернет во регионот

Северна Македонија има најбрз интернет во регионот, а е меѓу подобро рангираните земји и во Европа, покажува истражувањето на Cable.co.uk, што го објави статистичкиот портал „Ландгеист“. Со брзина на интернет конекциите од 97,9 Mbps, Северна Македонија е пред Словенија, 97,0 Mbps, Србија 60,5 Mbps, Косово 57,3 Mbps, Грција 53,9 Mbps, Црна Гора 49,5 Mbps, Босна […]