НЕДЕЛЕН РАСТ НА ЗАБОЛЕНИТЕ ОД КОВИД, се препорачува до граѓаните да избегнуваат групирање во затворени простории

Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот позитивни случаи на Ковид-19, во однос од минатата недела, па по тој повод, ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции, соопштија од Министерството за здравство. Од 12 до 18 август во државава регистриран е 271 нов […]

НАСТАВНИЦИТЕ НЕМА ДА ОЦЕНУВААТ БИДЕЈЌИ УЧЕНИЦИТЕ СТАНУВААТ НАСИЛНИ, што е „белиот штрајк“ што од септември се подготвува во училишта во Србија?

Остануваат помалку од две недели до почетокот на новата учебна година, а барањата на просветните работници за сузбивање на насилството во училиштата во Србија, како резултат на се почестите напади врз наставниците и професорите, се уште не се исполнети. Во знак на протест, Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) одлучи да започне „бел […]

ЗОШТО ГЕРМАНЦИТЕ ТРОШАТ ПОМАЛКУ НА ХРАНА И НА МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ, во Германија трошоците за лична потрошувачка се под просекот на ЕУ

Германските потрошувачи трошат помалку на храна иако цените се повисоки, на медицински услуги и на лична нега од граѓаните во другите членки на Европската Унија. Лани учеството на трошоците за лична потрошувачка беше 13,4 отсто помалку од другите 26 членки на ЕУ, покажуваат податоците од истражувањето на институтот за истражување на пазарот NIQ. – Просечните […]

ПАДНА ИНДЕКСОТ НА ВОЛСТРИТ, прекината позитивната низа на берзите

Индексите на њујошката берза тргување го завршија со минус. Акциите на Волстрит денеска се намалија по добивките, кои ги забележаа на почетокот на неделата, што беше поттикнато од податоците за ниската инфлација и малопродажбата. Инвеститорите се внимателни во вложувањата и ги чекаат обраќањата на челниците на американската централна банка за состојбата на американската економија, објави […]

Samsung Electronics го претстави револуционерниот гејминг монитор „Odyssey 3D“ без употреба на очила на Gamescom 2024

Иновативниот монитор Odyssey 3D обезбедува имерсивен гејминг во 3D без очила благодарение на технологијата за следење на окото и мапирање на приказот Samsung Electronics денес го најави претставувањето на своите најнови гејминг монитори на саемот Gamescom 2024 во Келн, Германија, со посебен акцент на револуционерниот Odyssey 3D кој нуди гледање во 3D без очила. Саемот […]

ВО ЈУЛИ ПОСТИГНАТ НОВ РЕКОРД ВО НЕЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ, од продажбата на приватно здравствено осигурување компаниите акумулирале 1,7 милиони евра, објави АСО

Од доброволните осигурувања најпродавано останува да биде осигурувањето имот со вложувања од 3 милиони евра за еден месец пред каско осигурувањето со 2 милиони евра и здравственото осигурување со 1,7 милиони евра. Јули е рекорден според продажба на неживотно осигурување пред се затоа што значајно расте продажбата за задолжителното автомобилско осигурување, а тоа е резултат […]

ЛЕКОВИ ЗА ПРИТИСОК, ДЕПРЕСИЈА И ДЕМЕНЦИЈА СТАВЕНИ НА ПОЗИТИВНА ЛИСТА, за нив се обезбедени девет милиони евра од фондот за здравство

Девет лекови вредни девет милиони евра, меѓу кои за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција, стануваат дел од Позитивната листа. Како што информира денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, станува збор за девет генерици претставени преку 87 лекови. – Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања што имаат активна регистрација […]

ОД БЕЛГРАД ДО ЉУБЉАНА СО ВОЗ СО 200 КМ/ЧАС, Србија ќе ја модернизира пругата кон Загреб и Љубљана

Србија ќе ја реконструира и модернизира пругата Стара Пазова – Шид – државна граница со Хрватска, која е на меѓународниот железнички „Коридор 10“ на кој се поврзуваат Белград, Загреб и Љубљана. Пругата Стара Пазаова – Шид – државна граница со Хрватска е долга околу 89 километри. Проектот за модернизација на оваа пруга на српска територија […]

НБ: Годишен раст од 7,3% на вкупните депозити и од 7,3% на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 7,3%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот домаќинства, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 7,3%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на секторот […]

РУСИЈА ПРЕТСТАВИ ПЛАН ЗА НОВИ 11 НУКЛЕАРНИ ЕЛЕКТРАНИ, инсталираната моќност на сите електрани треба да достигне 34.576 мегавати

Русија денеска го претстави планот до 2042 година за изградба на 11 нови големи и мали нуклеарни електрани за производство на струја. Нацрт дијаграмот на идните објекти за производство на електрична енергија е даден на јавна расправа, пренесе ТАСС. Во додатокот на документот се наведува дека новите нуклеарни електрани ќе бидат градени во: Ростов, Свердловск, […]