РУСИЈА ПРЕТСТАВИ ПЛАН ЗА НОВИ 11 НУКЛЕАРНИ ЕЛЕКТРАНИ, инсталираната моќност на сите електрани треба да достигне 34.576 мегавати

Русија денеска го претстави планот до 2042 година за изградба на 11 нови големи и мали нуклеарни електрани за производство на струја. Нацрт дијаграмот на идните објекти за производство на електрична енергија е даден на јавна расправа, пренесе ТАСС. Во додатокот на документот се наведува дека новите нуклеарни електрани ќе бидат градени во: Ростов, Свердловск, […]

ВО ЈУНИ ПРОСЕЧНАТА НЕТО-ПЛАТА Е 41.939 ДЕНАРИ, за една година зголемена е за 14,8 отсто

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 41.939 денари и е за 14,8 отсто повисока отколку во истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,6 отсто, Административни […]

ВО ДРАЧЕВО ОТВОРЕНА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА КАТАСТАРСКИ УСЛУГИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД ОКОЛНИТЕ МЕСТА, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности

Агенцијата за катастар на недвижности воведува нови дополнителни услуги за граѓаните во населба Драчево и нејзината околина. Од вчера, во канцеларијата на Агенцијата за катастар на недвижности во Драчево, жителите на Драчево, Пинтија, Зелениково, Долно Лисиче, Студеничани и околните населени места можат да поднесуваат различни видови барања до Катастарот, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности. […]

Од 23 август српските возачки дозволи повеќе нема да важат во Косово

По одлуката на Министерството за внатрешни работи на Косово за продолжување на рокот за замена на српските возачки дозволи издадени за граѓаните во Косово, возачите кои нема да ги заменат дозволите до петок ќе се соочат со казни од 500 до 1.500 евра. Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, изјави дека српските […]

Потенцијалот на ознаката на потекло и на географската ознака за поголема валоризација на македонските земјоделски производи

Република Северна Македонија е главно земјоделска земја со специфична географска локација и со специфична клима. Учеството на земјоделството, на шумарството и на рибарството во структурата на БДП во Република Северна Македонија во 2022 година изнесувало 7,4 %, што го прави овој сектор значаен чинител во нациoналната економија.1На тлото на нашава земја се произведуваат значителен број […]

СИЛНИОТ ФРАНК ЈА СПАСИ ШВАЈЦАРИЈА, инфлацијата во оваа земја не надмина над 3,5 отсто

Силната национална валута франкот ја спаси Швајцарија од превисоката инфлација во споредба со САД и земјите од Еврозоната, изјави Томас Џордан, гувернер на Швајцарската народна банка (SNB). Инфлацијата во Швајцарија со последните години никогаш не надминала над 3,5 отсто, а тоа се должи на поволниот курс на франкот во однос на другите валути, појаснува Џордан. […]

ЗА ПОМАЛИ ПЛАТИ ПОЛИТИЧАРИТЕ ЌЕ ЈА НАПУШТАТ ФУНКЦИЈАТА, НО РАБОТНИЦИТЕ ЌЕ ЗАМИНАТ ОД ЗЕМЈАТА, првиот синдикалец Слободан Трендафилов, за тоа доколку не се зголемат платите на работниците

Доколку не се зголемат платите работниците ќе си заминат од државата, очекуваме средба со премиерот, изјави претседателот на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, на денешната прес-конференција. Како што рече Трендафилов, тој е оптимист и очекува да има средба со премиерот Христијан Мицкоски за зголемување на минималната плата. – Владата вети дека во […]

ИСТИОТ ПРОБЛЕМ ЗА НОВ ИСПАД НА БЛОК 1 НА РЕК БИТОЛА, Блок 2 работи без проблеми

Блок 1 на РЕК Битола околу 12 часот прекина со работа заради испад на 110 киловолтен далновод на АД МЕПСО. Редовното и нормално функционирање на Блок 1 беше прекинато бидејќи во критичниот момент, постројката не можеше да ја испорача произведената електрична енергија кон македонскиот електроенергетски систем, по што согласно сигурносните протоколи блокот беше исклучен, соопшти […]

КИНА СО КОНТРА ИСТРАГА ЗА СУБВЕНЦИИТЕ НА МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЕУ, Пекинг одговори на планот на ЕУ за воведување царини за кинеските електрични возила

Кина денеска почна истрага за субвенциите на увезените млечни производи од Европската Унија, ден по објавата на Брисел за ревидираниот план за царини за увоз на електрични возила од кинеско производство. Европската Унија вчера ги ревидираше своите предложени казнени царини на увозот на кинеските електрични возила од 37,6 на 36,3 отсто. Но, наспроти молбите на […]

ПОВЕЌЕ БРИТАНЦИ ГИ ОЧЕКУВА ТЕШКА ЗИМА, една четвртина се подготвени да се откажат од греење и од топла вода

Секој четврти граѓанин во Велика Британија е загрижен за зголемувањето на трошоците за енергија и најавува дека ќе биде принуден да го исклучи греењето и топлата вода оваа зима, покажува најновото истражување на Ситизенс адвајс, британската организација за помош на граѓаните. Анкeтираните лица наведоа дека ќе мораат да преземат нови драстични чекори, доколку горната граница […]